20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Македонските одбојкари поразени од Швајцарија на првиот меч од турнирот „Чајка“

Швајцарија ја совлада Македонија со 3-1 во сетови на првиот меч на 49-тото издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“.

Нашите најдобри одбојкари го добија првиот сет, а во третиот водеа со 24-22, но не ги искористија двете сет-топки за предност од 2-1, и беа казнети.

Утре нашите одбојкари се слободни додека Швајцарците ќе се соочат со вториот тим на Бугарија. На последниот натпревар в четврток од 19 часот Македонија ја пречекува Бугарија.

Приоритет за тимот на Јошко Миленкоски е темпирање на формата за евро-квалификациите против Грузија и Грција. Македонскиот национален тим во 2011 година последен пат го освои турнирот „Чајка“.

- Оглас -

Најнови вести