Македонија слави историски пласман на Европско првенство, а репрезентативците во целиот хаос што убаво и дојде на целата земја приредија прекрасен гест пред дуелот со Естонија.
Подарок дрес со потпис од сите репрезентативци добија претставниците на седмата сила, како чин на заедништво на историскиот пат кон ЕП што ќе се игра идната година.
Сега не чека нова обврска, денеска од 15 часот треба да сее победи Естонија, за Македонија како лидер во нашата група да го чека последниот меч против Ерменија во среда во Никозија.
Ако повторно и во второто издание на Лигата на Нации бодеме први во групата, ќе се преселиме во Б сегментот, а потоа би имале шанси во самата завршница и нокаут бараж мечеви пак да бидеме шампиони во сегментот.