Макели е малер за Николов а Интер го најде „лекот“ за Шериф

Дани Макиели е малер за Бобан Николов. Македонскиот репрезентативец во два последователни натпревари заминува со наведната глава кога главен судија е Холанѓанецот.

Овојпат тоа беше против Интер, каде што неговиот тим загуби со 3:1, со што го забележа првиот пораз во овосезонската Лига на шампиони.

Николов влезе во 75-тата минута и не успеа да му помогне на својот тим.

Интер поведе преку Един Џеко во првото полувреме, а на самиот старт Себастијан Тил даде нов мајсторски гол за израмнување.

Сепак, тоа не ги наруши плановите на гостите, кои преку Видал и Стефан де Вреј ставија печат на победата.

- Оглас -

Најнови вести