Маките на Шалке 04 само се зголемуваат, а на тимот од Гелзенкирхен никако да му тргне по долгата пауза во Бундеслигата.
И денеска почнаа лошо, па Аугсбург води во Гелзенкирхен со 1:0 од седмата минута со прекрасниот гол од слободен удар на Едуард Левен.
Играчот што настапува за Аугсбург како позајмен од Херта погоди велемајсторски од околу 25 метри, а Шуберт не успеа дури и со парад да спречи предност за гостите.
Шалке пред една седмица на рестартот на Бундеслигата го загуби убедливо со 4:0 дербито на Рур од Борусија Дортмунд, а и денеска почна лошо со негатива од 0:1 во раната фаза од мечот со Аугсбург.
Голот на 23-годишниот офанзивец погледнете го ОВДЕ.