14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Макси Лопес конечно ги израмни сите сметки со Ванда Нара

Макси Лопес со години се споменува како фудбалерот кој беше оставен од неговата тогашна жена Ванда Нара и таа замина кај неговиот пријател Мауро Икарди.

Макси и Ванда имаат три деца кои израснаа со мајка им, а по неколку години одење по судови, конечно се решени сите спорови околу поранешните сопружници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maxi Lopez (@officialmaxilopez)

Аргентинскиот новинар Анхел де Брито открива како заврши повеќегодишната сапуница меѓу Макси и Ванда.

„Лопес веќе нема никакви обврски кон неа. Завршија сите случаи кои се водеа на суд, а беа околу 40. Макси веќе престана да плаќа и алиментација. Постигнаа приватен договор, а тој се согласи да и ја остави вилата што ја имаа во Буенос Аирес вредна една и пол милиони евра. На крајот, според моето мислење, Макси излезе како победник во целиот случај“, вели Де Брито.

Ванда во последните дваесетина дена имаше големи проблеми во бракот со Мауро Икарди кога се појави аферата дека фудбалерот на Пари Сен Жермен ја изневерувал со атрактивна Аргентинка. Ванда избега од Париз, најави дури и развод на бракот, но на крајот се смири со Мауро.

Макси Лопес, кој беше оставен од Ванда, во тешките моменти на неговата поранешна жена и испраќал пораки за да ја утеши.

 

- Оглас -

Најнови вести