Малдини и Бобан веднаш се фатија за работа – познат е новиот тренер на Милан

Легендите на Милан, Паоло Малдини и Ѕвонимир Бобан и официјално се вратија во клубот, откако беа назначени за главни оперативци за фудбалските работи. Со доаѓањето на Малдини и Бобан, целта на некогашниот италијански клуб е да се врати на резултатите од времето кога овие две фудбалски легенди беа на теренот на „Сан Сиро“.

Во италијанските медиуми веќе се најавува дека е пронајден тренерот кој треба да ја води екипата во следната сезона. Марко Џампаоло бил изборот на Малдини. Двајцата телефонски се договориле и за неколку дена Џампаоло треба да пристигне во Милано за да се официјализира соработката.

Џампаоло досгеа беше тренер на Сампдорија, но препреки за трансферот нема да има бидејќи тренерот доби споразумен раскин ан договорот со овој клуб во Серија А.

https://twitter.com/sampdoria/status/1139824108701720576

„Ми се заблагодаруваме на Марко за трите години кои ги помина во нашиот клуб. Заедно работевме, постигнавме многу, а сега му посакуваме успех во кариерата“, рече претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро.

Џампаоло кој е роден во Швајцарија досега бил тренер во Емполи, Кремонезе, Бреша, Чезена, Катанија, Калјари и Асколи.

 

- Оглас -

Најнови вести