Голем број италијански медиуми вечерва пишуваат дека Паоло Малдини и Рики Масара вечерва добиле отказ од директорските функции во Милан. Ова следува откако во текот на денот Малдини влезе во конфликт со сопственикот на клубот, Кардинале, бидејќи двете страни имаа различни визии за иднината на клубот.
Од клубот сè уште нема официјална потврда на ваквите информации во италијанските медиуми, но нема ниту демант.