Поранешниот претседател на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко, е доживотно исфрлен од пливањето.
Агенцијата за интегритет во пливањето на 26 јануари годинава го објави списокот на казнети лица во пливањето и на него се наоѓа името на Александар Маленко.
Во соопштението на агенцијата тие ја потврдуваат одлуката која е донесена од страна Дисциплинската комисија на Пливачката федерација на Македонија.
Покрај долгогодишните превирања во Пливачката федерација на Македонија кои резултираа со избор на нов претседател на Федерацијата, Маленко беше вмешан и во скандал со Македонскиот олимписки комитет пред Летните Олимписки игри во Токио 2021 година.
Имено, Маленко тогаш, спротивно на пропозициите за настап на Игрите, не ги пријави пливачите кои[to имаа најдобри резултати, туку пријави пливачи на кои тој им беше тренер, но потоа интервенираше МОК и во Токио ги прати пливачите кои[to имаа најдобри резултати, Филип Дерковски и Миа Блажевска Еминова.