Реал Мадрид лесно како на тренинг го победи лидерот во австриското првенство (Видео)

Реал Мадрид успешно го положи последниот тест пред почетокот на сезоната во Шпанија. Кралевите со убедливи 4-0 славеа на пријателскиот меч против Тирол во Инсбрук.

Килијан Мбапе беше стрелец на два гола, додека по еднаш во листата со стрелци се запишаа Едер Милитао и Родриго.

Кралевите имаа кратки подготовки и освен овој дуел против Тирол, одиграа и затворен меч против Леганес, на кој исто така постигнаа четири гола, но примија еден.

Новата сезона за Реал Мадрид во Ла Лига започнува идниот вторник со домашен меч против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести