Ендрју Робертсон беше еден од стандардните играчи на Ливерпул во минатата сезона, кога клубот од „Енфилд Роуд“ стана европски првак. Левиот бек деновиве се соочува со неочекуван проблем. Мораше да биде опериран поради инфекција коај ја доби по каснување на комарец или пајак.
На Шкотот морало да му се направи мал оперативен зафат, а потоа му била бандажирана раката, па неколку дена ќе паузира од тренинзите.
„Немаше среќа. Го касна нешто, не знаеме дали е комарец или пајак, но поради тоа доби инфекција“, објасни тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Робертсон сепак ќе биде подготвен за турнејата на Ливерпул во САД, која започнува за неколку денови.
Liverpool News:: Andy Robertson treated for infected hand but will travel for pre-season – https://t.co/9ns2jazmUK#AndrewRobertson #Liverpool #PremierLeague #@AppleNews #@Geo;Everywhere #@GoogleNewsstand #Soccer #Sports pic.twitter.com/vB3uGhSkdw
— Flying Eze (@flyingeze) July 13, 2019