Јапонскиот фудбалер Казујоши Миура, кој денеска потпиша нов договор со клубот Јокохама, во февруари ќе наполни 54 години, со што е рекордер како најстар професионален фудбалер во историјата.
Миура веќе 36 години игра професионално, што е неверојатен податок, а токму пред 36 години се роди шпанската легенда Андрес Иниеста, кој по заминувањето од Барселона, сега игра во Јапонија и има дуели со ветеранот Миура.
Миура е роден во 1967 година, постар е од некои тренери во јапонската лига, но не се дава и нема намера да се пензионира како играч. Во Јокохама е од 2005 година, додека во Европа играше само една сезона во Џенова како позајмен и една неполна сезона во загрепска Кроација (денешен Динамо Загреб).