Малку фалеше да се повтори испадот на Ѓоковиќ, на крајот настрада бананата! (Видео)

Реакциите околу исфрлувањето на Новак Ѓоковиќ од САД Опен уште се топ тема на Грен слемот во Њујорк. Според последните информации, судијката Лора Кларк која беше погодена со топче од страна на Новак Ѓоковиќ за време на дуелот против Карењо Буста, наводно подготвува тужба против првиот светски рекет.

Исфрлувањето на Ноле од турнирот е прво во историјата на Грен слем турнирите за еден играч кој е број 1 на АТП листата. За потегот на Ѓоковиќ уште се дебатира дали е за исклучување или не, но очигледно е како поука за другите тенисери. Малку фалење Андреј Рублев да ја доживее судбината на Србинот но рускиот тенисер во последен момент се исконтролира.

Целата ситуација се случи на мечот против Данил Медведев, кој Рублев го загуби со 3:0 во сетови. Во еден момент Рублев се налути до тој степен што сакаше да го „рогне“ топчето, но во последен момент го смени планот.

На крајот, поради гневот на Рублев настрада бананата која ја јадеше Русинот.

 

- Оглас -

Најнови вести