Малку им беа 90 минути за одлука, Бонучи постави два историски рекорди

Ќе мора да се играат уште 30 минути во финалето на Европското првенство откако Англија и Италија одиграа 1-1 по регуларните 90 минути. Лук Шоу и Леонардо Бонучи ги затресоа противничките мрежи по еднаш, донесоа по една голема радост на двете страни, но победник мора да има, макар и по изведување пенали.

Шо го даде својот прв гол за репреентацијата на Англија, а Бонучи постави два рекорди: тој со 34 години и 71 ден е најстар стрелец во историјата на финалињеата на ЕП и му помогна на Јувентус да стане клуб со најмногу голови на едно ЕП. На ЕВРО 2020, членови на Старата дама од Торино постигнаа дури 12 гола и со тоа го урнаа рекордот на Барселона од ЕП 2000.

- Оглас -

Најнови вести