Малку ракомет, Рабио клоцаше, Роналдо и Верету даваа голови за реми во Рим (Видео)

Возбудливо дерби во второто коло во Серија А одиграа Рома и Јувентус, а во ремито 2:2 имаше од сè по нешто. Домаќините двапати водеа со 1:0 и 2:1 во меч со малку ракомет, два пенали, два исти стрелци и исклучување на Адриен Рабио.

Верету погоди од пенал и од игра за двојно водство на Рома, а израмнуваше Кристијано Роналдо по ист рецепт, со гол од пенал и со гол од игра.

Двата пенали беа досудени по игра со рака, а прецизни беа и Верету и Роналдо. Домаќините имаа меч-топка бидејќи водеа со 2:1 и имаа фудбалер повеќе по исклучувањето на Рабио во 62-рата минута.

Францускиот интернационалец во Јувентус го клоцна Мхитарјан и доби втор жолт картон со автоматско исклучување, но само 7 минути подоцна, Роналдо израмни на 2:2 со прекрасен скок и прецизен удар со глава.

- Оглас -

Најнови вести