Голден стејт вориорс го најде победничкиот ритам, ноќеска шампионот ја запиша шестата последователна победа совладувајќи ги Њу Орлеанс пеликанс со 147:140. Избраниците на Стив Кер го израмнија својот рекорд во постигнати кошеви од линијата за три поени, погодија вкупно 24, а девет од нив реазлизираше Стеф Кари, кој заврши со неверојатни 41 поен.
Расположен беше и Кевин Дурант, кој оствари двоен учинок од 30 поени и 15 скока. Кошаркарите на Њу Орлеанс се обидоа на секаков начин да го спречат налетот на „воините“, најефикасен беше Ентони Дејвис со 30 поени и 18 скока, Миротиќ постигна еден помалку.
Хјустон рокитс го претрпе 19-тиот овосезонски пораз откако на домашен терен загуби од Бруклин нетс со конечни 145:142 по продолжение. Ниту монструозните 58 поени на Џејмс Харден не беа доволни за „ракетите“ да избегат разочарување пред својата публика. Импресивен натпревар одигра Спенсер Динвиди, кој постигна 33 поени и додаде 10 асистенции за дабл-дабл учинок, а блескаше и младиот центар на Нетси, Џерет Ален со 20 поени и 24 скока.
Брадата воедно го запиша и 18-тиот последователен натпревар во кој постигнува 30 или повеќе поени, штета што не го круниса со позитивен резултат.
Бостон селтикс вторпат сезонава го совлада тимот на Торонто репторс откако средбата во „ТД гарден“ заврши со конечни 117:108 во корист на „келтите“. Кајри Ирвинг по подолго време блесна во дресот на Бостон, па го предовдеше својот тим до 26-тата победа со двоен учинок од 27 поени и 18 асистенции.
Ленард на другата страна беше најрасположен, застана на 33 поени.
Резултати НБА:
Голден стејт вориорс – Њу Орлеанс пеликанс 147:140
Хјустон рокитс – Бруклин нетс 142:145 (по продолжение)
Бостон селтикс – Торонто репрторс 117:108
Детроит пистонс – Орландо меџик 120:115 (по продолжение)
Мемфис гризлис – Милвоки бакс 101:111
Далас маверикс – Сан Антонио спарс 101:105
Портланд трејлблејзерс – Кливленд кавалирс 129:112
ЛА клиперс – Јута џез 109:129