Малку сонце го огреа и Манчестер јунајтед, најзаслужен е голманот Де Хеа (Видео)

По серијата многу незгодни ситуации во таборот на Манчестер јунајтед со грозоморниот чин на Мејсон Гринвуд и со чудната постапка на Џеси Лингард, малку ведрина кај Црвените ѓаволи донесе наградата за голманот Давид де Хеа.

Чуварот на мрежата на Јунајтед е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за јануари.

https://twitter.com/premierleague/status/1489554439417573378?s=20&t=cYV0oQI8c4Jz28hx6Wxg2w

Претходно во текот на оваа недела се случија две исклучително незгодни ситуации за најтрофејниот англиски клуб со 20 шампионски круни.

Мејсон Гринвуд беше уапсен поради напад на својата девојка Хериет Робсон, која објави фотографии со повреди на лицето и на телото од фудбалерот, кој сега дури има обвинение и за обид за убиство.

Потоа Џеси Лингард побара од клубот да одмори неколку дена за да си ја разбистри главата по неуспешниот обид да си замине од клубот, а и тој и Гринвуд не се во комбинација за денешниот дуел против Мидлсборо во Националниот куп на Англија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести