Што би рекол Сер Алекс Фергусон за ваков Манчестер јунајтед? Џеси Лингард побара одмор за да си ја разбистри главата

Манчестер јунајтед има многу проблеми со сегашната генерација фудбалери, а нов бисер по шокот со Мејсон Гринвуд на Црвените ѓаволи им приреди Џеси Лингард.

Откако не успеа да си замине во јануарскиот преоден рок, сега побарал одмор за да си ја разбистри главата.

„Џеси побара мала пауза од неколку дена за да си ги среди мислите и го очекуваме назад од почетокот на идната седмица. Нема да биде во комбинација за мечот со Мидлсборо“, изјави менаџерот Ралф Рангник.

Утре Манчестер јунајтед ќе му биде домаќин на Мидлсборо во 1/6-финалето на националниот куп на Англија.

Претходниве 3-4 дена во фокусот на светската јавност е грозоморниот чин на Мејсон Гринвуд, кој заврши и со приведување на играчот на Манчестер јунајтед поради физички напад на својата девојка.

Против него има истрага со четири обвиненија, од кои едното е и обид за убиство, што може да значи и долги години затвор ако се потврди на суд дека животот на Хериет Робсон бил загрозен од нејзиниот партнер Гринвуд.

Претходно инциденти правеа и Хари Мегваер и уште неколкумина фудбалери од оваа генерација играчи што го носат дресот на Црвените ѓаволи.

Манчестер јунајтед е рекордер во Англија со 20 титули, но нема шампионски пехар во Премиер лигата од 2013 година, кога заврши епохалната ера на Сер Алекс Фергусон, менаџер кој им донесе дури 13 шампионски круни и вкупно неверојатни 37 пехари во сите натпреварувања.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести