Малкумина го знаат како Кеплер Лаверан Де Лима – Против Македонија не игра еден од најтрофејните Португалци, има Ковид

Кеплер Лаверан Де Лима, или многу попознат само како Пепе, нема да игра против Македонија, бидејќи се уште е во изолација по позитивниот тест на Ковид-19.

Пепе не играше ниту против Турција, пред два дена, кога Португалците победија со 3:1 во Порто и си обезбедија настап во финалниот бараж против Македонија, повторно на истото место и на стадионот “Драгао“ на 29. март за настап на Мундијалот во Катар.

Португалците денеска тренираа во комплетен состав од 25 играчи на кои смета селекторот Фернандо Сантош за дуелот со Македонија.

Пепе е треторангираниот фудбалер според бројот на настапи за Португалија од овој состав, со 123 настапи за поранешниот европски првак, зад рекордерот Кристијано Роналдо со 185 и Жоао Мутињо со 143.

Токму по хиерархија така се рангирани и како капитени, па Роналдо е главен, Мутињо му е заменик, а трет капитен е Пепе.

Стоперот е меѓу најтрофејните играчи во Европа со 24 освоени пехари и во актуелниот состав на Португалците само Роналдо е пред него со 31 трофеј.

Пепе трипати беше и првак на Европа и сите три пехари во Лигата на шампионите ги освои со Реал Мадрид, заедно со Роналдо, кој има уште една титула со Кралскиот клуб.

Заедно беа и прваци на Европа со Португалија во 2016 година, па на некој начин најтрофејниот тандем на Португалците ќе биде раздвоен за мечот со Македонија на 29. март.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести