6051 Финска – Словенија (18.00 часот)
Словенците добро ги почнаа квалификациите за ЕП, победија во првите две кола, додека Финска има по една победа и пораз, а ова ѝ е прв меч на домашен терен во циклусот. Првите два меча на Словенија беа со 2-3 гола, додека за разлика од неа, Финска еднаш играше меч со 4+ голови, а еднаш со 0-1 гол. Ова се тимови со приближно ист квалитет, благ фаворит е домаќинот, а ова им е прв официјален меѓусебен дуел.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.67)
6706 Данска – С. Ирска (20.45 часот)
Во март, Данска од два меча освои три бода, киксира против Казахстан, а и Северна Ирска има три бода по две кола. Дуелите на Данска беа богати со голови (еднаш 4, еднаш 5 гола), а С. Ирска одигра две неефикасни средби со 0-2 гола. Данска е фаворит според сите параметри и сензација би било ако не победи. Сепак, традицијата вели дека последните два меѓусебни дуела им завршувале нерешено, но тоа беа мечеви кои се одиграа одамна.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.90)
6707 Грција – Р. Ирска (20.45 часот)
За нашите јужни соседи ова е прв сериозен тест откако во првото коло лесно минаа против Гибралтар. Ирците загубија минимално од фаворитот Франција, па овојпат ќе имаат поголеми шанси да освојат бод или три. Грција ретко губи дома. Овие селекции досега играле меѓу себе само пријателски мечеви и секогаш било неефикасно со 0-1 гол. Ирците имаат само едно реми во последните десет меча кои ги одиграа.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)
6709 Летонија – Турција (20.45 часот)
Турција има три бода од два меча, додека Летонците немаат бод, а одиграа еден меч. Гостите се фаворити на хартија на ова гостување во Рига и би требало да победат. Летонија ја има победено Турција само во нивниот прв меѓусебен дуел пред 20 години, оттогаш играле шестпати, петпати било нерешено, а Турција победи еднаш во октомври 2021, и тоа на драматичен начин со пенал во 99-тата минута.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
6791 Малта – Англија (20.45 часот)
Ова е меч на кој победникот се знае однапред. Малта губеше во првите две кола од Македонија и Италија, но примаше само по два гола на тие два меча. Англичаните победуваа и даваа по два гола против Италија и Украина. Малтежаните пред една недела го победија Луксембург во пријателски меч, но Гордиот Албион е многу посилен тим од Луксембург. На официјалните мечеви Малта никогаш нема дадено гол против Англија.
Предлог тип: 2 & 30+ min. (2.75)