Фудбалските репрезентативци на Малта уште вчера допатуваа во Скопје, каде што утре имаат гостување од квалификациите за Европското првенство 2024 година и сериозно се подготвуваат за стартот на циклусот.
Претпладнево Малтежаните имаа релаксирана прошетка низ плоштадот „Македонија“ во строгиот центар на Скопје, а нивните погледи најмногу ги привлекуваше големата фонтана над која доминира статуата „Воин на коњ“.
Македонија е фаворит во утрешниот меч на „Тодор Проески“, но гостите не треба да бидат потценети бидејќи во минатото еднаш извлекоа реми против нас.