Мамардашвили потврди: „Следната сезона се селам во Ливерпул, не прифаќам друга позајмица“

Голманот на Валенсија, Георги Мамардашвили, најави дека следната сезона се сели во Ливерпул и планира таму да го мине остатотокот од договорот. Тој минатото лето беше купен за 30 милиони евра, но веднаш беше вратен во Валенсија на позајмица до крајот на оваа сезона.

„Не размислувам за уште една позајмица. Следната сезона ќе ја поминам во Ливерпул. Ќе одам во Ливерпул и ќе дадам сè од себе, исто како што правев и во Валенсија. Ќе работам напорно секој ден, тренинзите со Алисон само ќе ми помогнат“, вели грузискиот голман.

Ова се добри вести и за нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кој минатата сезона направи трансфер од Рајо Ваљекано во редовите на Лилјаците, но беше во втор план покрај Грузиецот.

- Оглас -

Најнови вести