Косопственикот на Манчестер јунајтед Џим Ретклиф бара начин како да се „ослободи“ од Каземиро, но многу веројатно е дека Бразилецот ќе биде уште едно големо финансиско фијаско на клубот од „Олд Трафорд“.
Каземиро нема намера да си замине од Манчестер, а доколку се случи англискиот гигант да го освои трофејот во Лига на Европа и да избори место во Лигата на шампионите, Бразилецот ќе биде еден од најсреќните.
Според пишувањата на „Дејли мејл“, во договорот на Каземиро постои тајна клаузула според која платата во следната сезона ќе треба да му биде зголемена за 25 отсто.
Тоа значи дека ако Касемиро сега заработува по 413.000 евра на неделно ниво, во следната сезона тој само за седум дена во клубот ќе заработува по 590.000 евра. Колку за споредба, таа сума од 590.000 евра неделно ја добиваше и Кристијано Роналдо во неговиот втор „мандат“ во Манчестер јунајтед.
Casemiro is set to become the 2nd highest paid player in Britain, if Manchester United win the Europa League 💰📈 pic.twitter.com/3Kw4NAcYPq
— Mail Sport (@MailSport) May 11, 2025
Газдата Ретклиф неодамна го вброи Каземиро во листата од шестмина фудбалери кои не се доволно добри за парите што ги добиваат во Манчестер. Покрај Каземиро на оваа листа се и Ентони, Санчо, Хојлунд, Мартинес и Онана.