Манчестер ј. по осум години го обновува ривалството против клуб во кој игра и македонски репрезентативец

Манчестер јунајтед и Лидс ќе играат меѓу себе за првпат по 2011 година. Речиси осум години овие ривали немаа одиграно ниту еден меч бидејќи Лидс испадна од Премиер лигата. Попладнево од 13 часот ќе играат пријателски дуел на „Оптус стадионот“ во Перт, Австралија.

Црвените ѓаволи со победа од 2:0 против Перт глори ги започнаа подготвителните мечеви, додека Лидс ги победи англиските екипи Јорк сити (5:0) и Гисли (2:1), како загревање за големиот меч против Манчестер јунајтед.

На дуелот против Гисли, во стартниот тим на Лидс беше и Езџан Алиоски. Македонскиот репрезентативец заигра по пауза од неколку месеци, во која имаше рехабилитација по повредата. Популарниот Џани одигра едно полувреме, а потоа беше заменет. Сепак против Манчестер Алиоски нема да игра, бидејќи воопшто не е заминат на турнејата во Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести