Манчестер ј. покажа зошто не е во Топ 4 во Англија (Видео)

Манчестер јунајтед продолжува со разочарувањата, откако одиграа само 1:1 на гостувањето кај Саутемптон, во првиот меч од четвртото коло од Премиер лигата. Црвените ѓаволи водеа со 1:0 на полувремето, благодарение на прекрасниот гол на Џејмс.

Сепак, во второто полувреме, Саутемптон успеа да израмни во 58 минута, а потоа домаќините ја сочуваа својата мрежа, иако во последните 20-тина минути играа со фудбалер помалку, по црвениот картон што го доби Дансо.

По овој меч, Манчестер останува со само една победа во новата сезона и со пет бода е далеку од врвот на табелата.

https://twitter.com/FootballWTF247/status/1167781511120261120

 

- Оглас -

Најнови вести