Нова „ракета“ на Џејмс за водство на Манчестер на полувреме (Видео)

Даниел Џејмс го постигна третиот гол во четвртиот меч за Манчестер јунајтед и тоа е доволно за Црвените ѓаволи да имаат предност од 1:0 на полувремето, на гостувањето кај Саутемптон. Мектомини го проигра Џејмс на левата страна, а Даниел влезе во шеснаесетникот и потоа биеше силно и прецизно за водство на гостите.

Џејмс летово дојде на „Олд Трафорд“ и засега се покажува како одлична инвестиција. Колку за споредба, минатата сезона во последните 22 меча во Чемпионшип лигата даде три гола, а сега три погодоци има во првите четири дуели во Премиер лигата.

https://twitter.com/SportTi43915378/status/1167766300178964486

 

- Оглас -

Најнови вести