Манчестер јунајтед, Арсенал и лидерот во Бундеслигата ќе бркаат победи

6025 Малме – Унион Берлин (18:45 ч.)

Унион Берлин е лидер во германската Бундеслига, но во Лигата на Европа игра очајно и по првите две кола не само што не освои ниту еден бод, туку уште нема дадено ниеден погодок.

И Малме не е во ништо подобра ситуација затоа што и Швеѓаните се без бодови, па едноставно ова е меч кој треба да се добие ако една од двете екипи сака да остане со надеж на едно од првите две места во групата.

Малме е тим кој игра со повеќе голови и едноставно ова треба да биде меч со возбудувања, а гостите ја имаат фаворитската улога.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.97)

 

6024 Омонија – Манчестер јунајтед (18:45 ч.)

Омонија е тотален аутсајдер во оваа група, каде што Реал Сосиедад и Манчестер треба да бидат на првите две позиции во групата. Тимот од Кипар на последните шест меча во просек игра барем со три погодоци, што значи дека може да се очекуваат возбудувања.

Манчестер јунајтед против Омонија мора да брка три бода, ако сака да не си ја комплицира ситуацијата за влез во нокаут-фазата.

Предлог тип: 2&3+ (1.73)

 

6036 Арсенал – Бодо/Глимт (21 ч.)

Бодо/Глимт уште минатата сезона покажа дека знае како со фаворитите кога со 6:1 ја победи Рома, а сезонава играше 1:1 кај ПСВ во Ајндховен. Арсенал е голем предизвик, посебно ако се знае дека Топчиите се лидери во Премиер лигата.

Топчиите во последните 10 меча во сите натпреварувања имаат девет победи и само еден пораз од Манчестер јунајтед. Бодо/Глимт игра отворено и тука треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

6732 Вилјареал – Австрија Виена (21 ч.)

Со нова победа и три бода, Вилјареал ќе остане лидер со перфектни девет бода. Австрија Виена е екипа која игра без многу калкулации, па погодоците не треба да се изненадување.

На девет од последните 10 меча на Австрија Виена имало барем по три гола, што е најава за ефикасен дуел.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

6734 Хартс – Фиорентина (21 ч.)

Фиорентина има слаб старт на сезоната. Виолетовите се само со две победи во Серија А од осум меча, а во Конференциската лига имаат еден бод од две средби. Сепак, би било вистински дебакл калчолигашот да не ја помине групата во која има екипи од Турција, Шкотска и Летонија, па вечерва едноставно Фиорентина мора да победи.

Предлог тип: 2& 1+ второ (1.87)

- Оглас -

Најнови вести