Манчестер јунајтед добива кошмари кога гостува во Турција (Видео)

Манчестер јунајтед се посрамоти и загуби на гостувањето во Истанбул од Башакшехир со 2:1 во меч од третото коло од Лигата на шампионите. Црвените ѓаволи како големи фаворити отпатуваа во Турција, но доживеаја шок. Демба Ба и Един Виска погодија во првото полувреме за домаќините, а Антоан Марсијал пред крајот на првиот дел намали на 2:1.

Во второто полувреме, Манчестер јунајтед ја имаше иницијативата, но гостите делуваа јалово, па на крајот мораа да се помират со пораз. За англискиот гигант ова е трет пораз во последните три гостувања во Турција. Претходно губеа од Галатасарај (0:1 во 2012 година) и Фенербахче (1:2 во 2016 година).

За Башакшехир ова е историска прва победа, а погодокот на Ба беше и историски прв за клубот кој во првите две кола не успеа да го најде патот до мрежата во дуелите против ПСЖ и Лајпциг.

За Оле Гунар Солскјер ова беше сто и прв меч на клупата на Манчестер, а го претрпе дури 25-тиот пораз.

Во вториот меч одигран попладнево, Зенит и Лацио ремизираа 1:1. Домаќините водеа на полувремето со погодокот на Ерохин, а Каиседо го спаси италијанскиот тим од пораз, со погодок на осум минути пред крајот.

- Оглас -

Најнови вести