Раководството на Манчестер јунајтед е многу блиску до официјална одлука за изградба на нов стадион, кој ќе биде со капацитет за 100.000 гледаи, а планот е да бидат вложени фантастични 2,3 милијарди евра.
Планот е клубот да остане да игра на „Олд Трафорд“ сè до конечната изградба на новиот стадион, но тоа претставува и „мал“ проблем со оглед на фактот дека на планираната локација нема доволно простор, па ќе мора да откупат железнички складови кои се во сопственост на приватна компанија.
Од компанијата бараат околу 400 милиони евра за просторот, а градоначалникот на Манчестер изјави дека и тие се подготвени да помогнат во купувањето и изградбата на стадионот, што дополнително дава надеж дека најмодерниот стадион во светот ќе биде изграден токму во Манчестер.