Манчестер jунајтед го потврди потписот на словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко од Лајпциг. Трансферот вреди 73,7 милиони фунти.
Шешко потпиша петгодишен договор кој носи гарантирана плата од 66,3 милиони фунти, додека остатокот од сумата ќе се исплати преку бонуси.
🚨 He's here! 🚨
— Manchester United (@ManUtd) August 9, 2025
Benjamin Sesko is officially a Manchester United player! 🙌
Ова е трет голем потпис на Манчестер jунајтед во офанзивата ова лето, по Матеус Куња и Брајан Мбеумо, чија вредност изнесува 62,5, односно 65 милиони фунти, со бонуси од дополнителни 6 милиони.
Шешко беше голема желба и на Њукасл, но избра да му се приклучи на клубот од „Олд Трафорд“.