Манчестер јунајтед конечно одигра еден меч како што доликува за англиски гигант и со 2:0 го победи градскиот ривал Сити, во дербито на 22. коло во Премиер лигата. Црвените ѓаволи одлично ја имаа поставено играта и беа многу поконкретни во нападот, но дури во 65 минута домашните навивачи се израдуваа на погодок.
По еден одлично изведен контра напад, Бруно Фернандеш асистираше до Мбеумо, кој погоди за 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Само 11 минути по првиот гол, стигна и втората радост за Јунајтед, а овојпат стрелец беше Доргу, кој одлично се снајде во противничкиот петерец и ја затресе мрежата на Џиџи Донарума. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Покрај двата гола, Манчестер јунајтед уште три пати ја тресеше мрежата на Донарума, но тие погодоци беа поништени поради офсајд позиции. Домаќините во две ситуации го погодуваа и рамката на голот на гостите, па затоа Сити на крајот треба да биде и задоволен со пораз од само два разлика.
Манчестер сити остана на 43 бодови, додека Јунајтед сега има 35 бодови и моментално е на четвртото место на табелата во Премиер лигата.

