Манчестер јунајтед и дефинитивно е „загреан“ за Халанд: Рангник контактирал со неговиот татко

Манчестер јунајтед тргнува по Ерлинг Халанд.

Оваа информација денеска се рашири низ медиумите во Англија откако според инсајдерски информации од клубот, остварени се првите контакти.

Како што се пишуваше пред неколку денови, англискиот великан е сериозно заинтересиран за услугите на Норвежанецот, а сега тоа е префрлено на едно повисоко ниво.

Тренерот Ралф Рангник остварил контакти со неговиот татко, Алфи Халанд.

Тие добро се познаваат, бидејќи Рангник го донесе овој фудбалер во Салцбург, но како што е добро познато, главниот збор ќе го има агентот Мино Рајола.

Се шпекулира дека Манчестер е подготвен да ја достави првата понуда во вредност од 75 милиони евра, а останува да се види дали Борусија Дортмунд ќе ја прифати.

- Оглас -

Најнови вести