19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Манчестер јунајтед и Интер се единствените од најсилните лиги на Европа што не ги поминаа групите во натпреварувањата на УЕФА

Некогашните европски владетели Манчестер јунајтед и Интер сезонава се најголемо разочарување во европските купови на УЕФА. Од сите клубови во најсилните четири лиги во Европа (Англија, Шпанија, Италија и Германија), само овие два клуба не успеаја да ги поминат групните фази во кои беа дел од нив.

Ниту Манчестер јунајтед, ниту Интер не успеаја да бидат меѓу првите два тима во групите од Лигата на шампионите. Сите останати учесници во ЛШ, но и во Лигата на Европа од четирите најсилни лиги успеаја да поминат во ноакут-системот.

Манчестер заврши како трет во својата група и сепак ќе продолжи да игра во Лигата на Европа, додека Интер остана на дното и ги заврши евронастапите. Тоа секако е дебакл за клубови кои имаат толку голема традиција, историја и успеси зад себе. Интер и минатата сезона не ја помина групата од ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести