20.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Манчестер јунајтед и Њукасл се во трката, а Шешко ќе треба да го направи изборот

Манчестер jунајтед и Њукасл водат активни разговори со претставниците на напаѓачот на Лајпциг, Бењамин Шешко, објави „Скај спортс“.

Двата англиски клуба веќе ги презентирале своите спортски проекти и финансиски понуди пред агентите на словенечкиот репрезентативец. Одлуката сега е во рацете на Шешко и неговиот тим, по што ќе се одлучи кому ќе му биде даден приоритет. Дури потоа би следувале официјални понуди до Лајпциг.
Засега Њукасл покажува поголема иницијатива во преговорите.

Њукасл е под притисок бидејќи нивната ѕвезда Александер Исак веќе ја извести управата дека сака да направи трансфер во Ливерпул. Шешко е планиран како негова директна замена во нападот. Финансиски Њукасл има поголема флексибилност, досега ангажираше само едно засилување, Ентони Еланга од Нотингам форест за 60 милиони евра.

Манчестер јунајтед исто така бара нов класичен напаѓач, а Шешко е меѓу ретките врвни опции што остануваат на пазарот. Сепак, клубот од „Олд Трафорд“ веќе инвестираше околу 150 милиони евра за Матеус Куња и Брајан Мбеумо и најпрво мора да се ослободи од неколкумина фудбалери за да може да продолжи со големи трансфери.

- Оглас -

Најнови вести