Манчестер јунајтед и Црвена ѕвезда на ист начин загубија пред своите навивачи

Манчестер јунајтед ги разочара своите навивачи на „Олд Трафорд“, откако загуби со 0:1 од Реал Сосиедад, во меч од првото коло во Лигата на Европа. Моментот на одлука се случи во 59 минута кога беше досуден пенал за госитите, а Мендез го совлада Давид де Хеа.

Пораз пред своите навивачи со 0:1 претрпе и Црвена ѕвезда во дуелот со Монако. И тука единствениот гол беше постигнат од пенал во второто полувреме. Во 74 минута имаше пенал за гостите, а Емболо беше прецизен од белата точка.

Во еден од најинтересните мечеви, Ференцварош со 3:2 славеше над Трабзонспор, додека лацио со 4:2 го победи Феенорд. Во останатите мечеви: Фрајбург – Карабах 2:1, Нант – Олимпијакос 2:1, Штурм – Мидтјеланд 1:0, Омонија – Шериф 0:3.

Од мечевите кои се играа во попладневниот термин, најголемо изненадување беше поразот на Рома на гостувањето во Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести