Мурињо со Рома пак се посрамоти, загуби во Разград од Лудогорец

Актуелниот освојувач на Конференциската лига, тимот на Рома со пораз стартуваше во групната фаза од Лигата на Европа. Римската волчица беше изненадена на гостувањето кај Лудогорец и загуби од бугарскиот тим со 2:1.

По првото полувреме немаше голови, а радост за бугарскиот тим донесе Каули во 72 минута. Рома израмни преку Шомуродов во 86 минута, но тоа не ги разочара домаќините. Само две минути подоцна, Нонато го постигна вториот гол за Лудогорец кој значеше и победа на Бугарите.

Во останатите мечеви кои се играа од 18:45 часот во Лигата на Европа: АЕК Ларнака – Рен 1:2, Фенербахче – Динамо Киев 2:1, Хелсинки – Бетис 0:2, Малме – Брага 0:2, ПСВ – Бодо/Глимт 1:1, Унион Берлин – Ројал Унион 0:1, Цирих – Арсенал 1:2.

- Оглас -

Најнови вести