Манчестер јунајтед има мисија летово да заработи 200 милиони фунти од седум фудбалери

Манчестер јунајтед ја има една од најлошите сезони и дилема е дали тимот на крајот ќе биде и во првите 10 на табелата во Премиер лигата. Токму затоа, тренерот Рубен Аморим се подготвува да направи голема промена во играчкиот кадар.

Според планот, по завршување на оваа сезона, Манчестер јунајтед се подготвува да продаде дури седум фудбалери од кои би требало да заработат дури 200 милиони фунти. За да ја избалансираат екипата, Црвените ѓаволи треба да продадат неколку скапоплатени играчи.

Четири фудбалери кои сега се на позајмица, доколку бидат продадени може да се заработи околу 110 милиони фунти. Тоа се Маркус Рашфорд (50 милиони), Џејдон Санчо (30 милиони), Ентони (30 милиони) и Тајрел Маласи (10 милиони фунти).

Од играчите кои сега се дел од екипата, се очекува да си заминат Каземиро, Онана и Гарначо. За Каземиро и Онана постои интерес од Саудиска Арабија и тие двајца може да бидат продадени за по 20 милиони фунти. За Гарначо постои интерес од Наполи, а неговата цела е 50 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести