16.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Манчестер јунајтед имал подготвена замена за капитенот Бруно Фернандеш

Манчестер јунајтед во последните денови од летниот преоден рок водел тајни разговори за играчот од средниот ред на Штутгарт, Анџело Штилер. Црвените ѓаволи не ја исклучуваат можноста повторно да се вратат со интерес за него во 2026 година.

Ова лето приоритет им бил Карлос Балеба од Брајтон, но високата цена ја отежнала реализацијата на трансферот. Размислувале и за Конор Галагер од Атлетико Мадрид, но шпанскиот клуб одбил да го пушти на позајмица. Штилер бил уште една разгледувана опција, при што дури имало директни разговори, но до официјална понуда не дошло.

Тој бил опција доколку капитенот Бруно Фернандеш одлучеше да замине во Саудиска Арабија.

Манчестер јунајтед веќе планира сериозна реконструкција на средниот ред следната година, а можно е Бруно Фернандеш, Каземиро и Мануел Угарте да го напуштат тимот. Тоа отвора простор за сценарио во кое и Балеба, и Штилер би можеле да се приклучат на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести