30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер јунајтед ќе купува лев бек од Лече

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед почнува преговори со левиот бек на Лече, Патрик Доргу.

Црвените ѓаволи бараат засилување за левата странична позиција, а другите опции, Милош Керкез од Борнмут и Нуно Мендеш од ПСЖ, се сериозно поскапи.

Поради ова, на „Олд Трафорд” се готови да отворат преговори со Лече за Доргу. Дваесетгодишниот фудбалер има голема желба да се пресели во Англија, а комплетната реализација на трансферот би можела да чини околу 40 милиони евра.

Доргу оваа сезона има три гола и една асистенција на 22 натпревари во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести