32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Манчестер јунајтед ќе плати 10 милиони евра отштета за да го доведе тренерот кој сезонава реди само победи

Младиот португалски тренер Рубен Аморим ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед. Според повеќе медиуми, веќе е договорено доаѓањето на 39-годишниот стратег на „Олд Трафорд“.

Португалскиот весник „А Бола“ тврди дека актуелниот тренер на Спортинг Лисабон ќе биде наследникот на Ерик тен Хаг. Манчестер јунајтед ќе му плати 10 милиони евра отштета на португалскиот тим и Аморим ќе стане еден од најплатените тренери во светот.

Најавите се дека Црвените ѓаволи ќе му дадат тригодишен договор на Аморим, кој ќе има годишна плата меѓу седум и осум милиони евра.

Аморим како играч беше дел од екипите на Белененсеш и Бенфика, а тренерската кариера ја започна во Каса Пија, за потоа да направи трансфер во Брага. Во Спортинг дојде во 2020 година, период од кога и започна подемот на тимот од Лисабон. Спортинг освои две титули во домашното првенство, а и сезонава игра одлично и има перфектни девет победи во исто толку средби.

- Оглас -

Најнови вести