Британскиот медум „Сан“ прв ги објави фотографиите од ноќта кога неколку навивачи на Манчестер јунајтед извршија напад врз имотот на Ед Вудвард, првиот оперативец на Црвените ѓаволи. Инцидентот се случи во пресрет на реванш-дуелот меѓу градските ривали во рамки од полуфиналето во Карабао купот.
Заклучокот на управата на Јунајтед е дека одреден новинар на „Сан“ однапред знаел за нападот и присуствувал за време на инцидентот, а заедно со него наводно имало и фотограф. Според информациите на новинарот на „Би-би-си“ Сајмон Стоун, Јунајтед ќе поднесе жалба до Независната организација за стандарди во новинарството поради вмешаност на медиумот во инцидентот.
„Манчестер јунајтед се сомнева дека „Сан“ однапред добиле информации дека ќе се случи инцидентот кој сега се карактеризира како организиран напад врз имотот на Вудвард, па затоа ќе поднесе тужба до Независната организација за стандарди во новинарството. Тоа значи дека за време на инцидентот присуствувал новинар, а со него и фотограф, кои не ги почитувале правилата како должност на совесни граѓани да пријават инцидент и потенцијална опасност. Не само што не се обиделе да го спречат нападот, туку со нивното присуство ги охрабриле сторителите да ја направат штетата“, објаснува Стоун преку својот профил на „Твитер“.
1/2 Complaint made to IPSO by @ManUtd. “Believes that The Sun newspaper had received advance notice of intended attack (on Ed Woodward’s house), which included criminal damage + intent to intimidate + journalist present as it happened.” Club also think photographer was present.
— Simon Stone (@sistoney67) February 7, 2020