Немирна ноќ во Манчестер пред дербито меѓу Сити и Јунајтед (Видео)

Манчестер сити вечерва само формално треба да го потврди местото во финалето на Лига купот на Англија во реванш-дуелот против градскиот ривал Манчестер јунајтед. По првиот меч одигран на „Олд Трафорд“, Сити победи со 3:1 и нереално е да се очекува пред своите фанови да пропушти таква капитална предност.

Навивачите на Манчестер јунајтед се гневни поради лошите резултати на Црвените ѓаволи и од неодамна започнаа протести. Најекстремните фанови не мируваа ни ноќеска, па ја посетија куќата на првиот човек на клубот Ед Вудвард и во дворот фрлаат со димни бомби и факли.

Групата позната под името „Човек во црно“ го оштети имотот на првиот оперативец во Манчестер јунајтед, но секако поважно е што направија да се почувствува вознемиреност кај оние кои во тој момент биле во вилата вредна два милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести