Манчестер јунајтед на „отфрлениот син“ му нуди нов договор

Новата управа на Манчестер јунајтед која ја предводи косопственикот, сер Џим Ретклиф, размислува да го продолжи договорот со Мејсон Гринвуд.

Сепак, Црвените ѓаволи не размислуваат да го вратат „отфрлениот син“ на „Олд Трафорд“, туку целта им е да го продадат во летниот преоден рок и да заработат што повеќе на неговиот трансфер.

Гринвуд откако беше исфрлен од првиот тим на Манчестер јунајтед поради обвинението дека силувал девојка, сезонава беше одличен во дресот на Хетафе играјќи на 33 меча во Ла Лига, на коишто имаше учинок од осум гола и шест асистенции.

Со одличните игри го сврте вниманието на големите екипи како Атлетико Мадрид, Јувентус, Наполи и екипи од Бундеслигата и токму овој интерес Манчестер јунајтед сака да го искористи за да извлече што поголема сума од продажбата на Гринвуд

- Оглас -

Најнови вести