8.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Манчестер јунајтед налето ќе продава дури 13-мина фудбалери, импресивна е листата на можни засилувања

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, нема намера да се откаже од својот план, да направи екипа по свој вкус и да го намали бројот на фудбалери, заради што планира налето да продаде дури 13-мина играчи од актуелниот тим.

Голем интерес од заинтересирани екипи има за младиот Швеѓанец Ентони Еланга, кој по доаѓањето во Јунајтед одигра само 24 натпревари.

Ерик Баји, кој сезонава игра на позајмица во Олимпик Марсеј, по завршување на сезоната ќе се врати на „Олд Трафорд“, но веднаш ќе биде ставен на трансфер-листата. Следната сезона Тен Хаг нема да смета ниту на Алекс Телјеш, Дони ван де Бек, Арон Ван-Бисака, Антоан Марсијал, Брендон Вилијамс, Хари Мегваер, Џејдон Санчо, Диого Дало, Фред, Скот Мектомини, Виктор Линделоф.

На листата на потенцијални засилувања се наоѓаат имињата на Жереми Фримпонг од Баер Леверкузен, потоа триото од Брајтон, Мојзес Каиседо, Еван Фергусон и Алексис Мекалистер, Адриен Рабио од Јувентус, Бенжамен Павар од Баерн Минхен, Дензел Дамфрис од Интер, Џад Белингам од Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести