Манчестер јунајтед денеска го урна светскиот рекорд со ангажманот на Хари Мекгваер за 85 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ не запираат тука и сакаат да купат уште еден одличен играч.
Му понудија на Ајакс 50 милиони евра за Давид Нерес, играч кој беше откритие во минатата сезона и беше еден од најдобрите во редовите на полуфиналистот во Лигата на шампионите.
Крилниот играч на Ајакс одлилно би се вклопил во составот на повеќекратниот англиски првак, според замислите на Оле Гунар Солскјер.
Норвежанецот даде зелено светло за преговори, а Нерес би бил добредојден како летно засилување за Манчестер јунајтед.
Интересно е што за Нерес, Ајакс имаше понуда во јануари годинава од кинески Гвангжу Евергранде од 37 милиони евра, а Бразилецот дотогаш не беше стандарден во првиот состав на копјаниците од Амстердам. И потоа Нерес блескаше, постигна важни голови против Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шамионите, а беше стрелец и во дербито на Холандија против ПСВ Ајндховен.
Со блескавите игри 22-годишниот играч стана и репрезентативец на Бразил, а си ја качи драстично и цената на трансфер пазарот.