Манчестер јунајтед го сруши светскиот рекорд

Англиските медиуми објавија дека Манчестер јунајтед и Лестер постигнале договор за трансфер на Хари Мегваер. Доаѓањето на Мегваер на „Олд Трафорд“ ќе биде за рекорден трансфер за еден дефанзивен фудбалер. Најтрофејниот англиски клуб ќе даде 85 милиони фунти за 26-годишниот стопер.

Се чека само Манчестер само и официјално да го потврди трансферот, а новиот играч треба да го облече дресот со бројот 5. Мегваер во Лестер ги помина претходните две сезони, кога доби повик и за националниот тим на Англија. Пред да игра за Лестер, Мегваер бил член и на Хал, Виган и Шефилд јунајтед.

Претходно најскапиот трансфер за дефанзивец го држеше Вирџил ван Дајк кој од Саутемптон се пресели во Ливерпул. Тоа се покажа како одличен потег, бидејќи Ливерпул  успеа да стигне до европската титула, а Ван Дајк беше вистински носител во одбраната.

 

- Оглас -

Најнови вести