Манчестер јунајтед ја освои Летната серија од Премиер лигата која се одржа во САД, на турнирот учествуваа Јунајтед, Евертон, Вест Хем и Борнмут, а Црвените ѓаволи се први со 7 бодови, откако синоќа ремизираа 2-2 со Евертон.
Следниот пријателски натпревар на Манчестер јунајтед е против Фиорентина на 9-ти август, а на 17-ти играат против Арсенал во првото коло од Премиер лигата.
Тимот од Манчестер доби и пехар, но капитенот Бруно Фернандеш беше бесен по ремито 2-2 со Евертон.
„Нашата изведба не беше најдобра, бевме малку мрзеливи. Сакаме да го избегнеме тоа бидејќи мрзеливоста може скапо да ве чини во секој момент. Беше кристално јасно дека ни треба повеќе конкуренција, повеќе квалитет во тимот за да ги натераме сите малку повеќе да го подигнат своето ниво и да се борат за место во стартниот состав и мислам дека тоа е она што клубот се обидува да го направи. Се надевам дека ќе можеме да доведеме уште еден или двајца играчи кои ќе помогнат“, изјави Португалецот.