Манчестер јунајтед се подготвува за храбар чекор, а тоа е да му понуди трампа со доплата на Реал Мадрид. Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да го испрати Коди Маино во Мадрид, но и да плати дополнителни 50 милиони евра за Фредерико Валверде.
Иако понудата изгледа примамливо, бидејќи вклучува млад и перспективен фудбалер, но и висока сума на пари, сепак, во Реал Мадрид воопшто не се подготвени да разговараат на оваа тема и воопшто да го ослободат Уругваецот.
Едноставно, „кралевите“ планираат да го задржат Валверде на „Сантијаго Бернабе“, па според информациите од шпанските медиуми, доколку навистина пристигне ваква понуда, таа веднаш и без размислување ќе биде одбиена.