Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед се вклучи во трката по потписот со фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати.
Светците се принудени да го стават Верати на трансфер-листата поради проблемите со финансискиот ферплеј и управата на Јунајтед ќе се обиде до крајот на преодниот рок да го договори трансферот на италијанскиот репрезентативец.
Саудискиот Ал-Хилал веќе ги договорил личните услови со Верати, но првата рунда од преговорите со ПСЖ пропадна, пишува „Лекип“.
ПСЖ за да го пушти Верати, бара 60 милиони евра отштета, сума која засега не сака да ја плати Ал-Хилал, но не претставува проблем за Црвените ѓаволи и во наредните денови ќе достават и официјална понуда.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, побара од управата да ангажира дефанзивен играч во средниот ред и изборот падна на Верати. Првите два натпревари во Премиер лигата покажаа дека Јунајтед има проблеми во средниот ред и дека на Каземиро му е потребен соиграч со слични карактеристики за играта на тимот да добие на сигурност.
Верати не беше дел од тимот на ПСЖ во првите две кола од Лига 1, во кои Светците ремизираа.