Манчестер јунајтед триумфално против Лидс – Бруно Фернандеш погоди за историја (ФОТО)

Манчестер јунајтед успеа да победи на гостувањето кај Лидс со 3:2 во еден од најинтересните натпревари од 26-то коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ имаа водство од 2:0 со головите на Хари Мегвајер во 34-та и Бруно Фернандеп во 45+5 минута, но успеаја за две минути во вториот дел да примат два гола.

Воедно, голот на Бруно е четвртти против Лидс во оваа сезона, со тоа тој стана првиот играч на Манчестер на кого ова му успеало против овој опонент.

По израмнувањето од 2:2, Манчестер повторно ја презеде иницијативата и преку нововлезениот Фред зголеми на 3:2 во 70-та минута додека конечниот резултат го постави младиот Еланга на една минута пред истекот на регуларниот дел.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед сега има 46 бода и е на четврттото место во англиската Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести