11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Манчестер јунајтед во јануари тргнува по ѕвездата на Борусија Дортмунд

Манчестер јунајтед им се придружи на Арсенал и Пари Сен Жермен во трката по напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси.

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер јунајтед донел одлука да влезе во битка со Арсенал и ПСЖ за гвинејскиот репрезентативец, кој во јануари ќе биде достапен за 50 милиони евра, благодарение на откупната клаузула во неговиот договор.

Оваа клаузула можат да ја активираат само најголемите клубови во светот, особено во јануари кога ретко се трошат високи суми, за разлика од летниот преоден рок.

Арсенал и Манчестер јунајтед покажуваат сериозен интерес за Гираси и се импресионирани од неговата феноменална голгетерска форма во германското првенство.

Црвените ѓаволи се најзаинтересирани за нов напаѓач, бидејќи Бењамин Шешко не го оправда очекуваното. Словенецот пристигна минатото лето за 74 милиони евра, но постигна само два гола на 12 натпревари и сега ќе паузира неколку недели поради повреда на коленото.

Се очекува Гираси, кој се наоѓа во најдобрите години од својата кариера, следната година да направи најголем трансфер досега. Џошуа Зиркзе најверојатно ќе го напушти клубот во јануари, а Гираси би можел да пристигне како директна конкуренција за Шешко.

- Оглас -

Најнови вести